Поврзете се со нас

Италија

Консеисао опомена четири ѕвезди на Милан кои биле на концерт пред натпреварот со Парма: Си имам свои правила

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Сержо Консеисао влезе во директна расправија со Давиде Калабрија и малку фалеше да дојде и до физичка пресметка на теренот, а дел од италијанските медиуми почнаа да ги изнесуваат причините за таквиот инцидент кој го режираа тренерот и играчот на Милан.

Искусниот десен бек всушност бил еден од четворицата играчи на Милан кои го налутиле Консеисао во самата најава за мечот со Парма, бидејќи во петокот вечерта биле уловени на концерт до раните утрински часови.

Калабрија заедно со Тео Ернандес, Рубен Лофтус-Чик и Франческо Камарда биле на концертот на раперот Лаца, музички настан кој очигледно предизвикал револт кај тренерот на Милан поради лошата слика која ја оставиле неговите фудбалери.

– Работи како таа со концертот ги тераат луѓето да зборуваат во јавноста. Јас сум Португалец и доаѓам од друга култура, но фудбалскиот јазик е универзален. Два часа во денот посветуваме на тренинг, а потоа треба да имаме нормален и примерен живот, мора да се однесуваме професионално.

– Не сакам да испраќам опомена до никого, светот нема да се урне поради еден коцерт. Сепак, јас разговарав со фудбалерите, јас си имам свои правила во тимот, а свои правила си има и клубот, – порачува Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни