Италија
Консеисао: Не е добар знак што дојдов во Милан на крај на месец декември
Сержо Консеисао беше потврден како тренер на Милан уште на 30-ти декември, но крајот на 2024-та година ја донесе и првата прес-конференција на искуснит португалски стручњак.
Човекот кој му донесе нови славни и шампионски денови на Порто, во понеделникот го наследи својот сонародник Пауло Фонсека и реши да го преземе „бродот кој тоне“, односно пристигна да ја спасува сезоната која тргна во погрешен правец.
Иако е горд што добил шанса да го води Милан, Консеисао е свесен дека пристигнува во многу критичен дел од сезоната, па во прв момент ќе се задржи на само два круцијални елементи, натпреварувачки дух и менталитет.
– Горд сум што сум тука, вистинско задоволство е што ќе работам во толку голем клуб. Задоволството е огромно, бидејќи ова е голем чекор напред во мојата тренерска кариера. Од тоа што го знам, фановите се душата на овој клуб, без нив нема да можеме да растеме. Мора да им докажеме дека сме достојни да ја носиме опремата на Милан.
– Тоа што доаѓам на крајот на месец декември не е добар знак. Тоа значи дека нешто не било добро. Немаме многу време за работа и подготовка за мечот со Јувентус во Суперкупот, но нема да се жалиме и да бараме изговори. Може да го промениме системот, но за мене недопирливи се две работи кои ги барам од мојот тим. Тоа се натпреварувачки дух и менталитет. Јас сите случувања на мечот ги доживувам интензивно и барам моите играчи да го прават истото. Тоа го барам и од навивачите, барам да не следат и со ист интензитет да одиме напред. Сакам фановите да бидат горди кога ќе дојдат да го гледаат Милан, – изјави Консеисао.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…