Италија
Консеисао: Навивачите се во право, примаме смешни голови…

Милан го претрпе шестиот сезонски пораз во Серија А и тоа на соочувањето со Торино на нашиот репрезентативец Елиф Елмас.
„Росонерите“ загубија со 2-1 во меч во кој имаа далеку поголем посед на топката, трипати повеќе упатени удари од противникот, а и нереализиран пенал во првото полувреме преку Пулушиќ.
Ако на ова се додаде дека екипата прими и комичен автогол тогаш повеќе од јасно е Милан во последно време како повеќе сам на себе да си прави штета.
-Жал ми е за навивачите кои беа присутни на овие последни натпревари. Последните 12-15 гола што ги примивме беа речиси сите неизнудени грешки. Не се работи за стратегија или формации, тоа се работи за кои често се прашувам како воопшто се можни. Торино имаше предност од 1-0 на полувремето без ниту еден удар кон голот, а ние промашивме пенал и уште неколку шанси. Работите се случуваат и мора да бидеме посилни кога реагираме на нив. Сфаќам дека не е лесно ниту за играчите кога најдобриот играч на Торино беше нивниот голман, а ние имавме 30 обиди за гол, -рече тренерот Сержо Консеисао кој има разбирање за свирежите од навивачите.
-Сосема се во право што го прават тоа. На нас е тоа што доаѓаме овде и не победуваме, па нормално дека има поголеми очекувања. Не сме задоволни кога има критики за директорите, играчите или стручниот штаб. Ние сме Милан и сите заедно ги прифаќаме критиките, -заврши Португалецот.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
НБА14 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)