Поврзете се со нас

Свет

Консеисао му дава втора шанса на подзаборавениот талент на Барса: Сфати дека игра со 10 соиграчи на теренот

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

Нико Гонзалес пред две години добиваше големи пофалби од Чави Ернандес и беше најавуван како можна замена на Серхио Бускетс во Барселона, но до такво нешто актуелниот фудбалер на Порто не беше блиску во ниту еден момент.

Нико минатата сезона имаше успешна позајмица во Барселона и самиот фудбалер процени дека е вистинско време да направи трансфер од „Камп Ноу“, а шанса за перманентен престој му овозможи португалскиот великан.

Порто издвои околу 10 милиони евра за неговиот ангажман и Гонзалес пристигна како големо засилување за тимот на Серхио Консеисао, но првите месеци во Португалија дефинитивно не беа добри за него.

Нико доживуваше вистински кошмар и до пред само шест седмици не беше ниту повикуван за натпреварите од страна на Консеисао, за сега да добие втора шанса и да биде стартер на последните пет натпревари.

Гонзалес мораше трпеливо да чека и напорно да работи на тренинзите, а вложениот труд се исплатеше во дадениот случај, бидејќи сега доби пофалби и од Консеисао.

– Интензитетот е она што го води модерниот фудбал. Талентот веќе не е доволен за да бидете дел од тимот. Нико поседува голем талент, но тоа не е доволно. Почна да работи и сега минува низ добар момент.

– Мина низ комплициран период, имаше проблеми и во семејството. Сепак, за мене најважно е што сфати дека најважна за него е фудбалската топка, сфати дека игра со 10 соиграчи на теренот и дека сите имаат иста цел. Сите заслуги за добрата форма одат кај него, секогаш веруваше во себе и во ниту еден момент не ја наведна главата. И покрај тоа што не го повикував за натпреварите, продолжи да дава се на тренинзите и сега заслужено е во првиот тим, – објаснува Консеисао.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни