Поврзете се со нас

Италија

Консеисао: Мораме да бидеме достојни за овој клуб, потребно ни е…

Објавено

на

Милан од денеска има нов тренер и тоа во името на некогашниот репрезентативец на Португалија, Сержо Консеисао.

Консеисао кажа „ДА“ на повикот од италијанскиот великан кој одлучи да се откаже од досегашниот предводник Пауло Фонсека по ремито со Рома. Португалецот имаше одлични резултати со Порто, но ова е сосема друга приказна и тој самиот е свесен за тоа и затоа и порача дека ќе направи се за да се докаже и потврди со успеси и на „Сан Сиро“.

-Со добра организација и со квалитетот на играчите, ќе направиме добри работи оваа година. Горд сум што ја преземам оваа авантура. Емоциите се привремени, бидејќи имаме работа. Потребно ни е топло срце и ладна глава за да дадеме се од себе и да славиме во натпреварите. Тоа е она што го сакаме. Претставуваме голем клуб на глобално ниво и мораме да бидеме достојни за овој голем клуб.

-Немаме многу време, тоа апсолутно не е изговор, но морам да дадам се од себе со времето кое ни е на располагање за играчите да разберат што треба да направат, прво како поединци, но и како тим, за да бидат најдобри што можеме да бидеме секој натпревар. Нема друга опција, има многу работа да се заврши овде со тимот. Ќе ни треба силен менталитет и со добра организација и квалитет на играчите ќе направиме добри работи оваа година.

-Зборовите се само зборови, треба да се докажам со резултати. За тоа, ќе ни треба многу работа од сите, не само од играчите туку и од персоналот кој го прави објектот во Миланело тоа што е. Ние сме тука да работиме. Она што сакам да им го кажам на навивачите е дека ќе работиме напорно и ќе станеме победнички состав и ќе станеме тим достоен за овој голем клуб, -порача Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни