Италија
Консеисао: Играчите беа магични, можеме да го однесеме Милан каде што заслужува да биде
Милан со огромен пресврт успеа да слави над Интер и да го освои пехарот во Супер Купот на Италија што се играше во Саудиска Арабија.
„Росонерите“ имаа негатива од два гола воо второто полувреме, меѓутоа не се откажаа, вистинскии одговорија на овој предизвик и со погодоците на Ернандес, Пулишиќ и Ејбрахам дојдоа до триумф од 3-2.
-Многу сум среќен за играчите, бидејќи не беше лесно. Атмосферата не беше најдобра кога пристигнав, немаше многу време да се работи на деталите пред овие два натпревари и игравме против две екипи од највисоко ниво. Играчите беа магични, апсорбираа се што разговаравме и јасно е дека има работи што треба да ги подобриме, но тие се свесни за тоа. Чувствувам дека со понизност, можеме да имаме одлични месеци заедно во Лигата на шампионите, Серија А и да го однесеме Милан каде што заслужува да биде. Сега сме среќни, славиме и од утре ќе почнеме да се фокусираме на Каљари -рече тренерот Сержо Консеисао и додаде:
-Имаше неколку работи што моравме да ги прилагодиме и кога се браневме и кога напаѓавме, но беше тежок удар што примивме два гола. Сепак, тоа значи дека тимот има карактер, бидејќи успеа двапати да направи пресврт и да победи големи екипи. Тренерот мора да направи корекции во текот на натпреварот, тоа е она за што ме плаќаа, -истакна стратегот кој воедно смета дека Рафаел Леао може да биде најдобар играч на светот.
-Леао е феноменален. Го познавам долго време, тој е Португалец како мене, но е поопуштен Португалец, јас сум понапнат. Треба да научи неколку работи и тогаш верувам дека може да стане најдобар играч на светот. Му го кажав и ова, тој има многу индивидуален квалитет и ако го стави во служба на тимот, може да биде уште подобар. Не се сомневам, може да стане најдобар во светот следната сезона ако ги научи тие работи, -подвлече новиот преводник на „росонерите“.
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства21 час
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија14 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација21 час
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!