Италија
Консеисао го прецртал поранешниот напаѓач на Реал, Милан не бара никакво обесштетување

Лука Јовиќ никогаш не успеа да ги повтори изданијата кои направија да биде топ тема како главен голгетер на Ајнтрахт Франкфурт, но дефинитивно никој не се надеваше дека ќе дојде до ситуација со каква се соочува во моментов во Милан.
Српскиот репрезентативец дочека уште еден преоден рок без познат статус во својот клуб, но како што јавуваат италијанските медиуми, на Јовиќ му било препорачано да си бара нова средина, и тоа во услови кои ќе направат многу полесно да го направи тоа.
Сержо Консеисао го прецртал Јовиќ и им порачал на директорите дека Србинот не е во неговите планови, по што сега за очекување е Лука да направи трансфер до крајот на јануари.
Поради фактот што неговата репутација е значително опадната, Милан до овој момент нема добиено ниту една понуда за својот напаѓач, па „росонерите“ се подготвени да го ослободат од обврските и да му овозможат да си замине без обесштетување.
Како слободен агент, Јовиќ сигурно ќе има повеќе и подобри шанси да си најде нова фудбалска средина, а во такви услови, трансфер би можел да направи и по завршувањето на зимскиот преоден рок.
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!