Италија
Консеисао го освои првиот трофеј после само една недела, па режираше шоу за паметење во соблекувалната (Видео)
Сержо Консеисао чекаше само една недела пред да го освои првиот трофеј како тренер на Милан, блесок кој направи португалскиот стручњак експресно да се претвори во омилен лик меѓу „росонерите“.
Милан во период од неколку дена направи два извонредни пресврти против лути ривали од домашното првенство, но овој вториот против Интер беше навистина брилијантен поради тоа што стануваше збор за големо финале.
По пресвртот против Јуве во полуфиналето, Милан се враќаше во Ријад и вчера во финалето со Интер, и тоа откако на стартот на вториот дел имаше негатива од 2:0.
Избраниците на Консеисао останаа прибрани и беа доволно лукави за да се вратат и да направат пресврт, а по победата од 2:3, шоуто во соблекувалната го украл токму Сержо.
Португалецот беше познат по тоа што титулите во Порто ги слави со пури во устата, па таков е случајот и сега, бидејќи Милан долови како Сержо со голема цигара го слави новиот Суперкуп трофеј на клубот.
Oi, oi, oi 🕺#InterMilan #SempreMilan pic.twitter.com/4sU4tnqwMz
— AC Milan (@acmilan) January 6, 2025
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…