Поврзете се со нас

Италија

Консеисао го демантира својот портпарол: Нема вистина во тоа што е објавено за мене

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Тренерот на Милан, Серџо Консеисао, се најде во невообичаена ситуација, односно мораше да ги демантира зборовите искажани од неговиот личен портпарол.

Претставникот на Португалецот истакнал пред медиумите дека тренерот е незадоволен од клупската инфраструктура, лошата физичка подготвеност на фудбалерите, па и недостаток на амбиции меѓу најзвучните имиња. Исто така, Консеисао бил незадоволен од недостиг од поддршка од менаџментот и фактот што првиот човек Џери Кардинале ретко е во Италија.

Денеска, Консеисао во изјава за „Газета дело Спорт“ тврди дека ништо од тоа што се пишувало за него не е точно, а медиумите тврдат дека тоа е резултат на средбата меѓу двете страни одржана синоќа.

– Ништо од наведеното не е точно.

– Точно е дека ми е тешко поради актуелната ситуација во Милан, но ништо од објавеното не е вистина. Клубот е секогаш зад мене и знам дека ме поддржува, – рекол Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни