Италија
Консеисао ги загуби нервите и распали по Италијанците: Не сум паднат од небо

Милан загуби на гостувањето во Болоња и дополнително се оддалечи од примарната цел до крајот на сезоната, а тоа е обезбедување на топ четири пласман кој гарантира влез во Лигата на шампиони.
Сержо Консеисао многу брзо се запозна со бруталната мелница која ја создаваат угледните италијански медиуми, па после само два месеци како предводник на Милан, Португалецот почна да ги губи нервите и синоќа дал едно експлозивно интервју за „ДАЗН“ по поразот од 2:1.
– Имаше чисто играње со рака при израмнувачкиот гол на Болоња, очигледно е дека негативните инциденти цело време се судат против нас во последно време. Наместо да зборуваме за фудбал, зборуваме за други работи. Не велам дека губиме поради судиите, но тие мали инциденти прават натпреварите да бидат многу потешки за нас, – потенцирал Консеисао, кој во продолжение распалил по италијанските новинари.
– Гледам дека луѓето секој ден зборуваат за мојата ситуација во клубот и мојата иднина во Милан. Се однесувате како да сум паднат од небо, но јас пред да дојдам тука се соочив со пет големи италијански клуба, играв против тренери како Сари и Пиоли водејќи на хартија послаб тим. Постојано одев понатаму, освен на двомечот со Интер.
– Луѓето зборуваат за мојата иднина, нека знаат дека не сакам ниту едно евро повеќе од клубот. Не дојдов тука без ништо, освоив 13 трофеи во тренерската кариера, имам 100 натпревари во Лигата на шампиони и мислам дека не е фер да добивам таков третман, – завршил Португалецот.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП20 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!
-
Светски првенства7 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)