Поврзете се со нас

Свет

Консеисао ги остави драмата и јубилејот во втор план: Сите се молиме за Кинтана

Објавено

на

Порто на крајно драматичен начин стави крај на низата од три реми средби во домашното првенство, откако вечерва со гол од пенал во судиското надополнување успеа да слави против Маритимо со 1:2.

Отавио ја презема одговорноста и го постигна голот за победа, по кој кај гостинскиот тим сепак немаше преголема еуфорија поради ужасната вест која пристигна од ракометниот клуб неколку часа порано.

Алфредо Кинтана е во индуцирана кома и се бори за својот живот на интензивна нега откако претрпел срцев застој на денешниот тренинг на Порто, па во моменти кога португалските медиуми најавуваат дека клучни ќе бидат наредните 48 часа, сите мисли и молитви одат кон голманот кој е соиграч на нашиот Митревски.

– Сакам да испратам искрена и голема прегратка до семејството на Кинтана. Сакам да им нагласам дека ние сите се молиме за него и бараме од Бог се да мине во најдобар ред. Навистина не можевме да размислуваме на ништо друго, – изјави тренерот Серхио Консеисао по победата од 1:2 и 200-от натпревар како тренер на првиот тим на Порто.

– Му ја посветувам оваа победа на Кинтана. Сите ние мислиме на него и испраќаме поддршка до семејството. Оваа победа е за него и се надеваме на добри вести, – изјави стрелецот на првиот гол Урибе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни