Италија
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…

Милан одново покажа слабости и на пресметката со Комо, но за разлика од пресметката со Калјари успеа да ги освои трите бода и тоа откако направи пресврт во завршниот дел од натпреварот.
Тео Ернандез и Рафаел Леао беа стрелци на погодоците во 71 и 76 бода за три важни бода за „росонерите“ со кои сега се поблиску до Лацио и Јувентус кои се на четвртата и петтата позиција на табелата.
Тренерот Сержо Консеисао е свесен за недостатоците кои ги има неговата екипа, па беше запрашан дали забележал напредок во однос на претходниот меч со Калјари каде кажа дека првото полувреме било најлошо на негов тим во досегашната тренерска кариера.
-Играме против квалитетни противници и ќе се мачиме ако не го направиме тоа што го подготвивме. Се беше подобро по паузата, особено откако го примивме голот. Мораме да бидеме поцврсти како група, не можеме да дозволиме противниците да продолжат да поминуваат околу нас така лесно.
-Им велам на момците, темелите на фудбалот се цврстината. Ако не попуштите, тогаш со квалитетот што ни стои на располагање, на крајот ќе постигнеме гол. Во четири натпревари, три пати комплетиравме кам-бек за да победиме, па тоа значи дека има карактер. Можеме да се подобриме физички, тактички, технички и во однос на ставот. Можам да зборувам два часа, но ако тоа не им влезе во глава, тогаш ќе биде тешко.
-Ни треба поголем притисок, поголем интензитет, многу работа што треба да се заврши. Имаме јасни идеи, но играчите не беа навикнати на одреден тип на работа. Тие мислат дека ако притиснат високо, тогаш на крајот повеќе трчаат. Тоа не е точно, помалку трчаш. Ова е целата моја фудбалска филозофија. Нормално дека имаме и многу играчи кои ги немаат овие карактеристики, па се обидуваме да ги промениме. Имаме се да добиеме, -порача Португалецот.
Следниот предизвик за „росонерите“ е гостувањето во Торино кај Јувентус.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)