Поврзете се со нас

Италија

Консеисао брутален по првиот пораз на клупата на Милан: Ова не го разбирам, првиот чекор…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан остана со празни раце во дерби пресметката со Јувентус која се одигра во Торино, битка која им припадна на домаќините со 2-0 со два погодоци постигнати во второт полувреме.

Ова за „росонерите“ беше прв пораз под водство на новиот тренер Консеисао, а токму Португалецот беше тој кој беше искрен и директен за настапот на својата екипа испраќајќи јасни критики до играчите.

-Првото полувреме беше избалансирано и всушност имавме повеќе можности за гол, но во вториот дел Јуве беше погладен, сакаше повеќе да победи, а ние можевме да примиме повеќе од два гола. Тоа се работи што не ги разбирам. Јас сум тренер, јас сум одговорен, но првиот чекор за да се добие натпревар е да сакаш да го добиеш.

-Немаме оправдување за замор, тоа е само јануари. Играчите имаат се што е потребно да се опорават за натпревар на секои три дена. Според мене, треба да го чуваме фрижидерот празен дома и да бидеме погладни. Почнав да тренирам мали клубови пред 13 години, секогаш имав тимови кои не беа толку одлични во однос на квалитетот, но имаа неверојатна глад. Вака изгледа животот, мора да имаш глад и желба да продолжиш да ја подигаш границата, па на крајот од кариерата, горди сте на она што сте го направиле.

-Тоа што го гледам не е ново, веќе го имав видено на претходните натпревари на Милан. Очигледно морам да го сменам ставот и менталитетот на играчите, јас сум тренер, ја преземам одговорноста за овој пораз бидејќи не направив доволно на полувремето за да го избегнам овој пад. Искрено, ова е неприфатливо, -подвлече Португалецот.

„Росонерите“ имаа дури 19 бода помалку од лидерот Наполи.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни