Поврзете се со нас

АТП

Конорс: Ѓоковиќ има непобедлив ривал, а тоа не се Синер и Алкарас

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ веќе некое време чека на 100. јубилејна АТП титула на кое се надеваше дека ќе дојде на Австралија Опен, неговиот најдобар, најуспешен грен слем турнир, меѓутоа исцрпувачкиот меч со Карлос Алкарас му донесе повреда поради која потоа не можеше да му се спротистави на Александер Зверев и по само еден одигран сет го предаде мечот во Мелбурн.

Повредата не е наивна и информациите се дека Србинот го очекува повеќе месечна пауза, па има и вести дека ќе се врати дури за Ролан Гарос.

Во наредниов период сигурно ќе добиеме појасна слика во однос на ова прашање, но во меѓувреме и понатаму има коментари, анализи за Ѓоковиќ, односно последен што се огласи е Џими Конорс.

Американецот смета дека на Новак ќе му биде се потешко и потешко затоа што годините едноставно го стигаат.

-Патот на Новак беше премногу тежок. За да ја освои титулата мораше да ги победи Алкарас, Зверев и Синер. Колку повеќе старееш, толку потешки стануваат тие долги натпревари. Поените те убиваат кога треба да го имаш тој дополнителен удар, тоа дополнително трчање. Ве исцрпуваат и физички и психички.

-Има ривал кој Новак Ѓоковиќ не може да го победи. Не се ниту Синер ниту Алкарас, туку годините. Едноставно е неизбежно во одреден момент да морате да кажете доволно. И јас како Новак се соочив со истото прашање, бидејќи играв до 43 години. Прашање е само на кое ниво сакате да играте, -порача рекордерот по освоени АТП титули.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни