Поврзете се со нас

Боречки спортови

Конор покажа човечност со својата последна објава поврзана со семејството Нурмагомедов

Објавено

на

Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов беа во центарот на вниманието на јавноста кога пред две години се сретнаа во октагонот, а на борбата им претходеа низа несакани инциденти меѓу двајцата борачи.

Постојано двацата се прозиваа преку медиумите, а настана „експлозија“ кога момците од тимот на Мекгрегор физички го нападнаа тимот на Нурмагомедов.

Сега семејството на Хабиб минува низ тежок период затоа што неговиот татко е во тешка состојба, а медиумите пренесуваат дека тој имал проблеми со воспаленија на белите дробови, срцев удар, а потоа преживеал и мозочен удар.

По овие информации со свој коментар за поддршка се јави и Конор Мекгрегор кој имаше само пофални зборови за Абдулманап.

– Се молам за заздравување на Абдулманап Нурмагомедов, човек заслужен за повеќе светски шампиони во разни боречки вештини.

– Вистински гениј во боречките спортови. Жал ми е што ја слушнав оваа вест вечерва. Се молам за семејството Нурмагомедов, -напиша Конор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни