Поврзете се со нас

Боречки спортови

Конор најави враќање во октагонот со фантастична борба, познат и датумот на кој ќе се одржи

Објавено

на

Една од најголемите ѕвезди во боречките спортови, Конор Мекгрегор повторно го искористи својот Твитер профил за да објави важна вест поврзана со неговата кариера.

Ирскиот фајтер повторно ќе се врати во октагонот откако ја прифатил понудата за борба против Дастин Поирие која треба да се одржи на 23 јануари следната година.

Ваквата информација ја потврди самиот Мекгрегор кој на Твитер напиша дека сака борбата да се одигра на стадионот на Далас Каубојс во Тексас.

– Прифатив, датумот е 23 јануари! Мојата цел е борбата да се одржи на стадионот на Каубоите. Џери Џонс ми е пријател и стадионот може да ја прими нашата публика. Јас ќе бидам подготвен за Тексас и Тексас ќе биде подготвен за моите фаноив, -напиша Мекгрегор.

Сега сите со нетрпение го очекуваат овој двобој на двајца фантастични борци кои сесретнаа во 2014 година кога Конор Мекгрегор ја однесепобедата.

Заедничко за двајцата е што и двајцата во октагонот му се спротивставија на Хабиб Нурмагомедов, но ниту еден немаше сили да го совлада дагестанскиот борач.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни