Поврзете се со нас

Боречки спортови

Конор му се налути на Порие и ја откажа борбата: Ти е*ен глупак со мртов мозок (Фото)

Објавено

на

Твитер кавгата помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Поирие доведе до тоа борбата која беше закажана за 10 јули да биде откажана.

Ирскиот борец првично го „пецна“ Поирие кој жестоко му возврати по што настана кавга во која беа спомнати и 500.000 долари кои Мекгрегор требало да ги плати како донација за фондацијата на Поирие.

Откако Поирие спомна дека Конор не го исполнил ветувањето, Ирецот се налути и со жестока порака ја откажа борбата која требаше да биде нивна трета меѓусебна борба во октагоните.

– Готов си морону. Зошто мрдаш со ушите? Ти е*ен глупаку со мртов мозок. 500.000 долари без јасен план. Како да не, будало. Веројатно баш и не знаеш со парите. Борбата отпаѓа, ќе се борам со некој друг. Среќно со твојот стар договор, -напиша бесниот Мекгрегор на својот Твитер профил.

Поирие не чекаше многу и само со видео како го удира со тупаници ирскиот борец му реплицираше кратко со „Ок“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни