Поврзете се со нас

Свет

КОНМЕБОЛ со одлука за индидентот на Копа Америка, Уругвајците добија жестоки казни

Објавено

на

Уругвајската фудбалска репрезентација ќе има сериозни проблеми наредниот период бидејќи дури 11 фудбалери заработиле суспензии поради инцидентот на Копа Америка.

Дел од уругвајските репрезентативци влегоа во клинч со колумбиски навивачи, кои ги нападнале нивните семејства по средбата на Копа Америка, па и покрај објаснувањето дека обезбедувањето потфрлило и тие морале да ги заштитат најблиските, КОНМЕБОЛ им додели жестоки казни.

Најлошо помина Дарвин Нуњез, кој ќе паузира на дури пет натпревари, додека Родриго Бентанкур ќе биде суспендиран на четири средби.

Матијас Оливера од Наполи, Роналд Араухо од Барселона и Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид добија по три натпревари суспензија за инцидентот во САД. Нуњез ќе плати казна од 20.000 долари, Бентанкур од 16.000 долари, додека триото со три средби суспензија ќе мора да исплати по 12.000 долари. Уште шест репрезентативци добиле парична казна од 5.000 долари

Селекторот Марсело Биелса ќе има главоболки за да го неутрализира отсуството на голем број првотимци, а неговата селекција има квалификациски натпревар веќе на 6 септември, кога противник ќе биде Парагвај.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни