Поврзете се со нас

Свет

КОНМЕБОЛ призна дека сериозно го оштетил Бразил: Винисиус беше во право, не доби чист пенал (Видео)

Објавено

на

Бразил остана без победа против Колумбија и без првото место во својата група на Копа Америка, па така во четвртфиналето го чека „пеколен“ дуел со селекцијата на Уругвај.

Дополнителен проблем за „кариоките“ е и тоа што во првата нокаут рунда нема да можат да сметаат на Винисиус Жуниор поради акумулирани жолти картони, а ѕвездата на Реал имаше и дополнителна причина за бес.

При водство од 1:0 за Бразил, судијата не досуди чист пенал за Винисиус по прекршок од Муњоз, па иако ситуацијата беше прегледана и од ВАР, немаше никакви инструкции за менување на одлуката.

Еден ден подоцна, КОНМЕБОЛ призна дека била направена голема грешка на штета на Бразил, па иако ова признание не им носи никаква корист на „кариоките“, јасно е дека сите судии од теренот и ВАР ја завршуваат Копа Америка.

– При една борба за топка во шеснаесетникот, дефанзивецот на Колумбија не ја допира топката и активира контакт со противничкиот играч. Судијата не ја забележа ситуацијата и остави играта да продолжи.

– Ситуацијата беше прегледана и од ВАР од различни агли и со различна брзина и не утврди дека дефанзивецот воопшто не ја допира топката. Поради тоа, ВАР ја потврди одлуката донесена на теренот, а истата беше неточна, – гласи објавата на КОНМЕБОЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни