Поврзете се со нас

Свет

КОНМЕБОЛ импровизира, Аргентинците разочарани: Секогаш ќе заостануваме зад европските првенства

Објавено

на

Фото: https://x.com/Argentina

Отворањето на Копа Америка со натпреварот меѓу Аргентина и Канада донесе очекувани почетни возбудувања на турнирот кој се игра во САД, но фактички се смета за јужноамериканско првенство, како и исполнет капацитет на стадионот во Атланта.

Сепак, членовите на актуелниот светски шампион не сакале да го премолчат катастрофалниот терен кој ги дочекал во Атланта и поради кој имаа потешкотии да ја организираат својата препознатлива игра во дуелот со Канада.

На барање на КОНМЕБОЛ, домаќините ставиле подлога со природна трева (на местото на вештачка трева) на само два дена пред натпреварот, а аргентинскиот голман Емилијано Мартинез испратил јасна порака за тоа што го видел и почувствувал на премиерата на Копа Америка.

– Состојбата на теренот беше катастрофална. Многу нерамна подлога, мора да се подобриме од овој аспект, инаку во спротивно Копа Америка секогаш ќе биде на пониско ниво од европските првенства, – рекол Мартинез.

– Пред два дена имаше вештачка трева, а сега направиле некоја импровизација и исфарбале да изгледа подобро од што е. Чудно е што со месеци се знаеше дека ќе играме на овој стадион и веројатно работите требаше да бидат завршени многу порано, – истакнал селекторот Лионел Скалони.

На стадионот инаку настапуваат фудбалскиот тим Атланта Јунајтед и НФЛ тимот Атланта Фалконс, чии натпревари се играат на вештачка трева.

Аргентинците со „перфектна акција“ ја потврдија првата победа на Копа Америка (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни