Поврзете се со нас

Англија

Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/IpswichTown

Алехандро Гарначо постигна сензационален гол против Евертон и испорача сериозна кандидатура за гол на годината, но младата ѕвезда на Манчестер Јунајтед многу брзо доби одговор од Чемпионшип лигата.

Втората англиска лига сериозно напредуваше во последните години и во Чемпионшип се игра доста квалитетен фудбал, а доказ за тоа е и магијата која ја режираше играч на Ипсвич.

Овој тим е второпласиран на табелата и единствен кој може да го следи чекорот на Лестер, па својата добра серија ја продолжи и во викендот кој измина.

Ипсвич на домашен терен го победи Ковентри со 2:1, а вториот гол е ремек-дело за најавните шпици и мајсторија која сигурно ќе конкурира за „Пушкаш наградата“.

Акцијата почна од голманот, топката со прецизни додавања беше префрлена на противничката половина, а истата на крајот заврши кај Вес Брнс кој со тривела-магија го привлече вниманието и на најугледните британски медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни