Конкуренција за Антиќ: Звезда посилна за Омиќ!

omic

Екипата на Црвена Звезда доведе уште едно ново име во своите редови, словенечкиот центар Ален Омиќ.

Поранешниот член на Златорог Лашко, Унион Олимпија, Гран Канарија, Анадолу Ефес, Уникаха доаѓа во Белград од израелски Хапоел Ерусалим. Тој со „црвено-белите“ потпиша договор до крајот на оваа сезона и треба да му биде вистинска конкуренција и поддршка за нашиот Перо Антиќ кој секогаш го дава максимумот и срцето на теренот, но и му е потребна помош.

Омич е вториот Словенец кој го обелкува дресот на Звезда, првиот беше Јака Блажиќ.

Facebook Коментари