Поврзете се со нас

Свет

Конкакаф ќе го казни судијата кој барал автограм од Меси

Објавено

на

Фото: https://x.com/InterMiamiCF

Интер Мајами успеа да дојде до победа во Купот на шампиони на Конкакаф на гостувањето кај Спортинг Канзас Сити, а натпреварот беше одлучен со голот на првата ѕвезда, Лионел Меси.

Она што привлекува внимание неколку дена по средбата е одлуката на дисциплинската комисија на Конкакаф да го казни судијата Марко Антонио Ортиз Нава, кој по натпреварот побарал автограм од Аргентинецот.

Првичната импресија беше дека мексиканскиот судија му го бара дресот на Меси, но отпосле е појаснето дека побарал автограм за свој роднина со посебни потреби.

Конкакаф потврди дека Ортиз Нава ќе одговара за својата постапка која е оценета како непрофесионална и непристојна, но притоа не е објаснето каква казна ќе добие судијата.

Интересно е што случајот кај одговорните тела го пријавил поразениот тим Спортинг Канзас Сити, барајќи одговорност за судијата. Двете екипи ќе го одиграат реваншот на 25. февруари на стадионот на Интер Мајами.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни