Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Конфузија во Киев: Судијата Тејлор исклучи фудбалер откако му покажа прв жолт картон (Видео)

Објавено

на

Англискиот судија Ентони Тејлор вчера направи голем гаф за време на дуелот меѓу Динамо Киев и Бенфика, но за среќа брзо се коригираше.

Во завршницата од натпреварот, Денис Гармаш стартуваше опасно над Жоао Марио и Тејлор со право реши да му додели картон на фудбалерот на Динамо.

Но, она што го изненади Гармаш и сите на стадионот е што Тејлор веднаш покажа и црвен картон, иако домашниот фудбалер претходно не доби ваков вид опомена.

По кратката конфузна ситуација, англискиот судија очигледно доби асистенција од своите други колеги, па му соопшти на Гармаш дека може да остане на теренот.

Потегот на Тејлор е целосна спротивност на она што го направи неговиот сонародник Греем Пол на СП во 2006 година, кога го исклучи Јосип Шимуниќ дури откако му додели трет жолт картон на дуелот меѓу Хрватска и Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни