Поврзете се со нас

Конференциска лига

Конференциска лига: Шкендија вкрстува со Фенербахче, Шкупи би имал лесен плејоф противник

Објавено

на

По извлекувањата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, дојде ред и на третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига од која остана дел македонскиот претставник Шкендија.

Тетовските „црвено-црни“ останаа живи во ова натперварување за разлика од Македонија Ѓорче Петров и се пласираа во третата рунда, но сега го дознаат и потенцијалниот ривал за плејоф рундата.

Шкендија ќе има нависитна тешка задача против шведски АИК во претстојното квалификациско коло, па доколку направи изненадување, вкрстува на Фенербахче кој е голем фаворит против Словачко.

Во Конференциската лига се направи и плејоф проекција и за Шкупи, кој ќе продолжи во ова натпреварување доколку доживее елиминација од Шамрок во Лигата на Европа.

Во таква ситуација, македонскиот првак ќе се соочи со Балкани од Косово или Клаксвик од Фарски Острови, иако намерата е да се мине Шамрок и да се закаже плејоф дуел со Карабах или Ференцварош во Лигата на Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни