Шпанија
Конечно се јави спортскиот директор на Барселона и постави ултиматум до Дембеле: Треба да си оди најдоцна до 31. јануари!

Чави Ернандес ова утро повлече потег и го отстрани Усман Дембеле од тимот на Барселона за гостувањето кај Атлетик Билбао, што беше прв јасен сигнал од тренерот дека полека го губи трпението со францускиот фудбалер.
Неколку часа по објавениот тим за вечерашното гостувањето во Купот, конечно со изјава се јави и спортскиот директор на Барселона, кој на почетокот на месец декември најави дека Дембеле ќе потпише нов договор до крајот на 2021-ва година.
Тоа не се случи, па сега Матеу Алемани испрати ултиматум и побара од Дембеле и неговите агенти да си пронајдат нов клуб во преостанатите 11 дена од зимскиот преоден рок, кога веќе е јасно дека не сакаат да го продолжат договорот со Барселона.
– Започнавме преговори со агентот на Дембеле во месец јули и од тогаш поминаа шест или седум месеци. Имавме постојани дијалози и во тој период испративме неколку понуди. Се обидовме да пронајдеме решение играчот да остане со нас, но сите понуди беа систематски одбиени.
– Сега, на 11 дена пред исткот на зимскиот преоден рок и кога играчот очигледно не сака да го продолжи договорот, го известивме дека треба да си пронајде клуб и решение до 31-ви јануари, тоа е најдобро за сите. Не сакаме играчи кои не се вклучени во проектот, – потенцира Алемани.
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 22 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
НБАпред 17 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)
-
Шпанијапред 24 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)
-
Англијапред 21 час
Руни отвори сомнежи за историскиот гол на Агуеро: Играч на КПР ја славеше титулата со Сити (Видео)