Конечно радост: Младинците го средија Луксембург

tajm aut

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ја забележа првата победа на Европското Првенство – Б дивизија што се игра во Португалија.

По катастрофалните партии против Белгија и Португалија, нашите млади кошаркари го надиграа составот на Луксембург со 93-64.  Ова беше дуел во кој избраниците на Радуловиќ комплерно беа подобри од проивникот, ги добија сите четири периоди и со тоа до првото славје на овој турнир.

Крстевски со 22 поени беше најдобар поедниец, додека Стојановски и Какруки уфрлија по 14 кошеви. Во следната рунда нашата селекција ќе излезе на мегдан со Словачка.

Facebook Коментари