Конечно пронајде нов тим: Хасани официјално продолжува во Саудиска Арабија

Dky23mOWwAATzAD

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Ферхан Хасани конечно пронајде нов клуб откако цели три месеци беше во потрага по нов ангажман.

Хасани од денес е нов фудбалер на клубот од Саудиска Арабија, Ал Раед каде тренер во моментов е Албанецот, Бесник Хаси.

Хасани не можеше да ја одбие богатата понуда од Ал Раед и потпиша едногодишен договор со клубот кој минатата година заврши на 13. позиција во Саудиска Арабија.

Крилниот фудбалер, кој поседува несомнен квалитет и беше еден од најдобрите фудбалери во македонскиот шампионат имаше и неколку солидни понуди од Турција, но на крај се реши да ја избере најбогатата од нив.

Инаку, во таборот на Ал Раед краток период тренер беше и Македонецот, Влатко Костов кој овие денови се поврзуваше со преземање на челната позиција во ФФМ.

Facebook Коментари