Конечно пронајде клуб: Мирко Ивановски се пресели во унгарски прволигаш

ivanovski

Повремениот македонски репрезентативец, Мирко Ивановски по заминувањето од Хајдук конечно пронајде клуб во кој ќе ја продолжи кариерата.

Напаѓачот потпиша за тимот на Диосѓор кој во моментов се наоѓа на последната позиција во унгарската лига.

За Ивановски оваа лига не е непозната затоа што прехтодно тој една сезона го носеше дресот на Видеотон.

– Среќен сум што добив можност да потпишам договор со Диосѓор. Пристигнав во четвртокот, па се уште немав прилика да ги запознам моите соиграчи и стручниот штаб, но со нетрпение очекувам да почнеме да работиме заедно. Можам да ветам дека ќе дадам 110 проценти на секој тренинг и на секој натпревар, -истакна Ивановски.

Facebook Коментари