Поврзете се со нас

Шпанија

Конечно позитивни вести за Зидан: Тројца важни играчи го најавија враќањето на теренот (Фото)

Објавено

на

Зинедин Зидан никако не може да стави крај на малерите со незгодни повреди на клучните фудбалери, па последен во непосакуваната листа се вклучи и Карим Бензема на кого дополнително ќе му бидат направени тестови за да се утврди дали ќе може да настапи против Аталанта.

Францускиот напаѓач го пропушти вчерашниот меч со Валјадолид, но многу поважно за Зизу ќе биде тоа дали ќе стои на располагање за првиот осминафинален меч со Аталанта во Лигата на шампионите, кој е на програмата претстојнава седмица.

Зидан уште вчера истакна дека најважно за него е да се враќаат играчите кои се многу важни за неговата ротација, а денеска навистина добра вест доби во врска со тројца играчи кои се во самата завршница од периодот на рехабилитација.

Иако тројцата нема да настапат против Аталанта, планот е да бидат подготвени за реваншот со италијанскиот тим, но и за големото дерби против Атлетико Мадрид кое се игра на 7-ми март, а кое по последните случувања ќе има големо влијание во битката за титулата.

Станува збор за Еден Азар, Феде Валверде и Бразилецот Родриго, играчи кои можат да помогнат многу во офанзивните задачи на „кралевите“, кои сигурно со нетрпение ги чека Зидан кој сепак успеа да извлече неколку позитивни резултати и да се врати во битката со титулата со ограничени ресурси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни