Конечно насмевки на лицата на луѓето во Арсенал: Тој сега може да спие среќен и смирен…

ljungbergpepe

Арсенал конечно забележа прва победа во десет натпревари откако тимот на Фреди Љунгберг го победи Вест Хем со 3:1.

Арсенал имаше негатива на гостувањето кај „чеканите“ но со фуриозни 15-тина минути во вториот дел успеа да направи целосен пресврт и да стигне до победата.

Креатор на пресвртот беше најскапото засилување во историјата на клубот, Николас Пепе кој постигна еден гол, а беше асистент на уште еден кој го постигна Пјер Емерик Обамејанг.

По средбата Љунгберг посочи дека Пепе конечно сега може мирно да спие затоа што му паднал тежок товар од грбот.

– Луѓето секогаш ме прашуваат за Пепе, тој мора да се адаптира и тоа не е лесно. Посебен проблем е неговата цена. Но, тој покажа квалитет на овој натпревар и може да спие среќен. Сега тој ќе биде уште подобар и подобар. Се надевам дека ова ќе го промени расположението, играчите изгледаат среќно. Ние сме задолжени за победи на натпреварите и јас го гледав притисокот врз играчите, но таков е животот, -изјави привремениот тренер на Арсенал.

Facebook Коментари