Конечно е готово: Емре Џан слета во Торино (Видео)

emre

Конечно е ставен крај на повеќемесечната трансфер сага во која беа вклучени Емре Џан, Ливерпул и Јувентус.

Пред десетина дена од Ливерпул официјално потврдија дека Германецот нема да го продолжи договорот со клубот од Мерсисајд, а денес на официјалниот Твитер профил на Јувентус осамна фотографија од Џан на аеродромот во Торино.

Играчот од средниот ред во текот на денешниот ден ќе ги комплетира неопходните медицински прегледи пред да стави потпис на петгодишен договор со „Старата дама“.

Facebook Коментари