Поврзете се со нас

Италија

Конечно добра објава од Наполи: Елмас по втор пат го победи коронавирусот (Фото)

Објавено

на

Наполи се соочува со доста проблеми поради позитивните случаи на Ковид 19 на кои од вчера се придодаде и тренерот Лучијано Спалети, но на големиот број отсуства, денеска конечно стигна и една добра вест.

Елиф Елмас по втор пат го победи коронавирусот и ги надмина проблемите со кои одново се соочи по враќањето во родната Македонија, а како што информира Наполи, репрезентативецот веќе е во Италија откако добил два негативни теста.

Првиот молекуларен тест бил направен во Македонија по што заминал за Италија, по што во Неапол му бил направен нов тест на кој исто така бил негативен.

Елмас сега има дозола да се врати на тренинзите на првиот тим и тоа секако е добра вест, но засега непознато е дали ќе виде вклучен во составот за утрешниот дерби меч против Јувентус.

– Елиф Елмас изврши молекуларен брис кој ја потврди дека е негативен на Ковид-19. Истиот вчера веќе беше направен и во Македонија пред да се врати во Италија, – гласи објавата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни