Кондогбија нема намера да се враќа во Интер: Таму е хаос

kondogbija-1

Џефри Кондогбија сезонава игра како позајмен играч во Валенсија и вели дека не сака да се врати во неговиот матичен клуб Интер.

Играчот од средниот ред нема баш најубави зборови за италијанскиот клуб.

– Мислам дека вистинскиот проблем на Интер е недостатокот на баланс. Таму е хаос. Работев со четири или пет тренер во две години, тимот се менува постојано. Тешко е за играч да се адаптира во такви околности, посебно ако е млад. Клубот мора да им помогне на играчите и на тренерот да напредуваат. Тешко е да се игра добро, ако тренерите се менуваат постојано – изјави Кондогбија за „Кадена Сер“.

Тој се надева дека ќе остане во Валенсија и изгледа дека нема намера да се враќа на крајот од сезоната.

– Сам би ја платил откупната клаузула во мојот договор да имав 25 милиони евра – додаде Кондогбија.

 

 

Facebook Коментари