Поврзете се со нас

Англија

Конате за својот идол: Тој ме натера да се заљубам во фудбалот

Објавено

на

Ибрахим Конате е еден од најдобрите дефанзивци во својата генерација, но неговиот фудбалски идол е напаѓач и според него, имал најголемо влијание во фазата на вљубување во фудбалот како игра.

Французинот го истакнал Бразилецот Роналдо како најзначаен фудбалер кого го следел и виновник за неговото залагање и посветеност во кариерата.

– Секогаш ќе го изберам Роналдо, тој ме натера да се заљубам во фудбалот.

– Еден ден разговарав со пријател на мојот брат и тој ме праша дали сум го гледал Роналдо. Откако одговорив негативно, тој ми пушти видео, а јас мислев дека сум видел некаква магија.

– Бев фасциниран и се чудев како ги прави тие потези, подоцна ги гледав сите негови видеа и сакав да го имитирам, – изјавил Конате.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни