НБА
Комплетирани се составите: Познати се резервите за Ол-стар битката во Атланта

Пред неколку денови беше објавена листата на играчи кои ќе се најдат во почетните петорки на НБА ол-старот кој ќе се одигра на 7 март во Атланта за да сега тренерите ги изберат асовите кои ќе бидат замените во тимовите кои ќе бидат предводени од капитените Леброн Џејмс и Кевин Дурент.
Од Истокот како замени ги имаме Џејмс Харден, Зек Лавин, Никола Вучевиќ, Бен Симонс, Џулиус Рендл како и дуото на Бостон Селтикс, Џејлен Браун и Џејсон Тејтум.
Кога е во прашање Западот тука е ветеранот Крис Пол, Ентои Дејвис и Пол Џорџ од Лејкерс, поточно Клиперс, францускиот репрезентативец од редовите на Јута, Руди Гобер, плејмејкерот Демиен Лилард, Донован Мичел и Зајон Вилијамсон за кого ова ќе биде прв настап на натпреварите на ѕвездите.
Од сите овие играчи Леброн и Дурент на 4 март ќе направат екипи по нивен избор, „кралот“ ќе има можност прв да бира од стартерите, а пак Кеј-Ди ќе има предност при изборот на резервите.
Инаку тимот Дурент од клупата ќе биде воден од Док Риверс, додека на спротивната страна кај тимот Леброн ќе седи тренерот на Јута Џез, Квин Снајдер.
Team Captains @KingJames and @KDTrey5 will select from the #NBAAllStar player pool in the NBA All-Star 2021 Draft Show!
Thursday, March 4 at 8:00 PM ET on TNT pic.twitter.com/Gjqhd01MdL
— NBA (@NBA) February 24, 2021

- Италијапред 18 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 18 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 16 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 17 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 16 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Светпред 14 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Францијапред 18 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Италијапред 18 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)