Поврзете се со нас

Свет

Комплетиран трансфер: Атанасов претставен во новиот клуб во Полска (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/mkspuszcza

Јани Атанасов беше интересен и за шкотски фудбалски клубови во текот на зимскиот преоден рок, па иако се доби впечаток дека на крајот ќе остане во Краковија, македонскиот репрезентативец сепак направи трансфер.

Атанасов ќе остане составен дел од полскиот фудбал и ќе настапува во Првата лига, но сега како член на Пушча Њеполомице.

Краковија се согласи да го отстапи својот првотимец и да го испрати на позајмица во Пушча, па така Јани до крајот на сезоната ќе настапува за тимот кој се бори за опстанок.

Пушча е претпоследна на табелата со четири победи по 21 комплетирана рунда, па јасно е дека битката за живот ќе биде жестока до крајот на шампионатот.

Клубот од Њеполомице му посака многу среќа на својот нов фудбалер, а воедно објави дека во првиот тим ќе го носи дресот со број 6.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни