Поврзете се со нас

Англија

Компани за успехот на Сити во 2012 година: Јунајтед ни ја подари титулата

Објавено

на

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиер лигата во 2012 година со драматична победа во последното коло, а благодарение на подобрата гол-разлика во однос на градскиот ривал Јунајтед, кој имаше ист број бодови.

Поранешниот капитен на Сити, Венсан Компани, во својата изјава „Би-Би-Си“ вели дека чувствува дека Јунајтед едноставно му ја „подарил“ титулата на градскиот ривал, алудирајќи на предноста од осум бодови на шест кола до крајот, која ја имаа избраниците на Алекс Фергусон.

– Иако таа сезона одигравме подобро во завршните кола, впечаток е дека Манчестер Јунајтед ја испушти титулата.

– Ние не бевме конзинстентни, имавме блесоци, но и необјасниви настапи и порази. Тоа не беше мирна сезона и кога гледаш дека еден Фергусон бил на клупата, а во тимот играчи како Фердинанд, Видиќ и Евра во одбрана, се појавува впечатокот дека ни ја подарија титулата.

– Нашата најдобра карактеристика беше што можевме да победиме седум, осум, девет натпревари по ред, а потоа да ја повториме серијата, – вели Компани, кој таа сезона ја славеше титулата заверена со голот на Агуеро во судиското продолжение на дуелот со Квинс Парк Ренџерс.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни