Поврзете се со нас

Германија

Компани за шокантниот пораз на Баерн: Нема оправдување, моравме да…

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен доживеа шокантен пораз од Бохум во Бундеслигата и тоа во меч во кој загуби иако по половина час игра водеше со 2-0 на „Алијанц Арена“.

Потоа почнаа проблемите за домаќините кои примија гол, останаа со играч помалку по исклучувањето на Палиња за да во вториот дел гостите ја искористат оваа предност и со два погодоци издвојуваат огромен триумф кој на крајот на сезоната може и да биде клучен во борбата за опстанок во германската елитна конкуренција.

-Изгубивме и немаме оправдување. Можеме да анализираме колку сакаме, но на крајот морам да преземам одговорност да направам се што е потребно за да го подготвиме тимот за следниот натпревар. Досега секогаш реагираме позитивно по пораз. Важно е да сфатите дека критиката во овој случај е неизбежна и да се фокусирате на она што ви претстои. Црвениот картон не може да послужи како изговор. Дури и со човек помалку водевме со 2:1 и моравме да победиме или барем да освоиме бод.

-Сепак, не треба да го омаловажуваме она што го направи Бохум. Тие ја заслужија победата, -порача тренерот Венсан Компани.

Баварците до репрезентативната пауза ги очекува реваншот со Баер Леверкузен во ЛШ и пресметката со Унион Берлин во домашниот шампионат.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни