Германија
Компани за „контроверзниот“ гол за реми на Баерн: Тоа беше добар обид на искусниот Зиле
Борусија Дортмунд не успеа да ја задржи минималната предност во дуелот со Баерн Минхен и прими гол во завршницата, погодок кој според домашните фудбалери и фанови не требало да биде дозволен од страна на судијата Свен Јаблонски.
Никлас Зиле беше погоден во глава по изведениот слободен удар на Сане, а во продолжение од акцијата, Мусиала го искористи просторот во шеснаесетникот и реализираше со глава за конечни 1:1 во Дортмунд.
Судијата не го прекина натпреварот иако Зиле доби директен удар во главата, а по натпреварот ја објаснил својата одлука пред камерите на „Скај“.
– Тоа беше директен удар кон голот и за мене беше важно да не имало контакт со раката на некој од фудбалерите во живиот ѕид.
– Потоа ја следев топката затоа што акцијата продолжи и веднаш беше постигнат гол. Одлучив дека се е регуларно и не бев сигурен дали се работи за потенцијална повреда на главата на домашниот фудбалер, – објаснил Јаблонски.
Нико Шлотербек од редовите на Борусија истакнал дека судијата морал да го прекине натпреварот поради правилото за потенцијална повреда на главата, додека гостинскиот тренер Венсан Компани смета дека домашниот дефанзивец сакал да го искористи тоа правило.
– Тоа беше добар обид на Зиле, тој е искусен фудбалер и ги стави рацете на лице. Играв фудбал 17 години, фудбалерите ги знаат правилата и се обидуваат да ги искористат во своја полза. Толку работи се случија во тие моменти и не може секогаш да се прекинува натпреварот, – рекол Компани.
-
Светски првенства18 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија23 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија18 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Шпанија22 часа
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Светски првенства18 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Германија23 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија22 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет23 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот