Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Компани со две засилувања, но без Нојер ќе брка победа во Милано (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Германските медиуми на големо пишуваа за можното враќање на Мануел Нојер за клучниот реванш против Интер во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но конечната проценка на лекарите е дека капитенот не е доволно подготвен за настап, што прави да биде недостапен за Венсан Компани.

Поради тоа, тренерот на Баерн Минхен не го вклучи голманот во официјалниот список од 22 повикани фудбалери, но сепак голманот отпатувал со тимот во Милано, се со цел да им даде морална поддршка на своите соиграчи.

Баерн се најде во огромни проблеми поради повреди на клучни стартери и загуби на првиот меч со Интер на домашен терен со резултат 1:2, па утре ќе брка голем пресврт на „Џузепе Меаца“.

Баварците се убедени дека можат да направат пресврт и со осетно ослабен тим, а мотивацијата е огромна поради фактот што оваа година финалето во Лигата на шампиони се игра на „Алијанц арена“.

За разлика од првиот натпревар кој се одигра пред седум дена, Компани сега во составот ќе ги има Александар Павловиќ и Кингсли Коман, што значи дека ќе има повеќе комбинации за избор на стартната постава.

Инаку, покрај Нојер, од сигурните стартери во комбинација не се и Џамал Мусиала и Алфонсо Дејвис кои заработија потешки повреди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни