Поврзете се со нас

Германија

Компани силно го посакува Македонецот: Барнли ја подобри понудата за Чурлинов

Објавено

на

Foto:twitter.com/VfB

Штутгарт дефинитивно ќе го продаде Дарко Чурлинов во наредните неколку дена, а единственото прашање кое се поставува е која понуда ќе ја прифати германскиот клуб.

Германските медиуми пред три дена пренесоа дека Македонецот ги договорил личните услови со Андерлехт, но сега ситуацијата е многу поинаква и белгискиот клуб има мали шанси за ангажман, откако конкуренцијата сфати дека мора да ја подобри понудата.

Венсан Компани е менаџер на англискиот клуб и очигледно легендарниот стопер е заљубен во фудбалските квалитети на Македонецот, па сега го натерал раководството да ја подобри понудата.

Последната понуда на Барнли достигнува 4,5 милиони евра со одредени бонуси, вест која ја потврдија и угледните германски новинари специјализирани за случувањата на трансфер пазарот.

Преговорите меѓу Штутгарт и Барнли се во тек, па Андерлехт има само теоретски шанси да победи во трката за крилниот македонски репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни