Поврзете се со нас

Германија

Компани побарал од Баерн да му ја „затвори вратата“ на играчот кој беше на пат кон Реал

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Венсан Компани беше промовиран како тренер на Баерн Минхен минатата недела и веќе даде изјави за својата фудбалска филозофија која планира да ја негува и на „Алијанц арена“, ставајќи посебен акцент на поседот на топката и агресивниот пристап со пресинг.

Легендарниот белгиски фудбалер е новопечен стручњак и ќе има навистина голем предизвик во Баерн, па иако е премногу рано за да се прави селекција на играчите кои ги има во тимот, Компани во својата прва работна недела сепак имал едно барање до управата.

Новиот тренер на Баерн побарал од најодговорните директори да му ја „затворат вратата“ на Алфонсо Дејвис, односно да не дозволат негово заминување во Реал Мадрид какошто се пишуваше на стартот на месец април.

Во последните два месеци, Реал ги залади контактите со Дејвис и ја одложи операцијата за втората фаза од летниот преоден рок, но сега Баерн тргнал во офанзива да го обезбеди потписот на Канаѓанецот, кој досега одбиваше да стави параф на нов договор.

Причина за тоа беше фактот што Баерн не сакаше да понуди повеќе од 13 милиони евра по сезона, но сега директорите се решени да ја исполнат првата желба на Компани, па планот е да му се понуди уште подобар договор за да му се оттргне од мислите трансфер во Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни