Лига на шампиони
Компани по шокантниот пораз на Баерн: Не сум изненаден од играта на Феенорд

Баерн Минхен се оддалечи од директен пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите и повеќе не зависи сам од себе, пред се поради неочекуваниот и шокантен пораз кој го претрпе тимот на Венсан Компани на гостувањето во Ротердам.
Играчите на Феенорд се погрижија за фешта на „Де Кујп“ со трите погодоци во мрежата на Мануен Нојер, а колку домаќините беа ефикасени најдобри говори податокот кој вели дека Холанѓаните имаат само три директни удари во рамките на голот.
Феенорд успеа да оствари огромна победа со 20 проценти посед на топката, што доволно алудира на тоа дека бројките и статистиките понекогаш знаат да бидат комплетно неважни во фудбалот.
– Морам да бидам искрен и да порачам дека Феенорд заслужи да победи. Се бореа машки и трчаа на секој дел од теренот. Ние создадовме многу шанси, чувствував дека ќе постигнеме гол, а можевме да дадеме два или повеќе. Не го направивме тоа, а Феенорд беше како казнена експедиција.
– Го искористија својот момент и беа максимално ефикасни. Ние не бевме доволно добри и најдобра работа е што брзо имаме натпревар во Бундеслигата, на кој ќе можеме да прикажеме едно друго лице. Не бевме изненадени од играта на Феенорд, научени сме да играме против вакви тимови кои играат ниско во одбрана, но овојпат не најдовме решение во нападот, – изјави Компани.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)