Поврзете се со нас

Германија

Компани ќе направи голема чистка во Баерн Минхен

Објавено

на

Foto:twitter.com/BurnleyOfficial

Венсан Компани наскоро ќе биде промовиран за нов тренер на Баерн Минхен, а неговото назначување оди во насока на стратегијата на директорите Макс Еберл и Кристоф Фројнд кои планираат голема чистка во екипата.

Белгиецот има слична визија со претпоставените и „Шпорт Билд“ најавува дека може да се очекуваат големи промени во ростерот во текот на ова лето.

На списокот фудбалери кои ќе бидат на трансфер листата се Џошуа Кимих, Кингсли Коман, Леон Горецка, Серж Гнабри, Алфонсо Дејвис и Дајо Упамекано.

Иако ваквиот став не значи дека сите наведени фудбалери ќе заминат во ист преоден рок, Баерн е подготвен да преговара за нивна продажба доколку пристигне соодветна понуда.

Ситуацијата со Кимих и Дејвис е најделикатна, бидејќи нивните договори истекуваат следното лето, па Баерн има последна шанса да заработи од нив доколку смета дека не му се потребни во тимот.

Румениге за новиот тренер на Баерн: Гвардиола ни помогна многу во процесот

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни