Поврзете се со нас

Германија

Компани ќе го добие играчот кој Баерн не можеше да му го купи на Тухел

Објавено

на

Foto:x.com/FulhamFC

Баерн Минхен остави зад себе разочарувачка сезона во сите натпреварувања и ја заврши истата без освоен трофеј, првпат по 12 успешни сезони во кои клубот од „Алијанц арена“ освои 11 титули во Бундеслигата.

Лошата форма и турбуленциите придонесоа да видиме нова тренерска смена и заминување на Томас Тухел, а после низа перипетии и одбивања од различни стручњаци, клубот на крајот го ангажираше недоволно искусниот Венсан Компани.

Легенарниот Белгиец ќе има голем предизвик како тренер на Баерн и ќе мора да носи тешки одлуки за неколку големи ѕвезди кои имаа разочарувачка сезона, но во почетната фаза од преодниот рок, пристигна информацијата дека ќе го добие играчот кој клубот не успеа да му го донесе на Тухел.

Томас по секоја цена го сакаше Жоао Палиња на крајот од минатиот летен преоден рок, но Фулам не успеа да најде замена за него и на крајот не дозволи комплетирање на трансферот.

Една година подоцна, „Скај Германиј“ тврди дека Баерн веќе ги договорил сите лични услови со дефанзивниот играч за врска, па сега останува само да се прецизираат деталите со Фулам.

Според истиот медиум, Фулам ја одбил првата понуда вредна 35 милиони евра, но во оваа ситуација е подготвен да го продаде фудбалерот и да се пронајде заеднички јазик за сума од 40 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни