Поврзете се со нас

Германија

Компани го прекина пресот поради вознемирувачките сцени во Магдебург: Не е време да се зборува за фудбал

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Баерн Минхен на најдобар можен начин ја заврши 2025-та година и славеше на домашен терен во дербито со Ред Бул Лајпциг со убедливи 5:1, но по натпреварот никој не сакаше да зборува за убедливиот триумф на баварците.

Причина за тоа се вознемирувачките сцени кои пристигнаа од германскиот град Магдебург, каде во моментите кога се играше натпреварот во Минхен, напаѓач со терористички замисли влетал со автомобил на Божиќниот базар.

Германските власти информираа за 70-тина повредени и најмалку двајца загинати, па со цел да им се оддаде почит на жртвите, Баерн и Венсан Компани го завршија пресот по само една реченица.

– Невозможно е да се зборува за фудбалот после ваква вечер во Германија. Нашите мисли се со луѓето во Магдебург.

– Се надевам дека во еден момент ќе има целосен мир во светот. Не зборувам само за Германија, зборувам општо за светот. Оваа победа е во втор план, се надевам дека во новата 2025-та година ќе славиме повеќе победи за мирот во светот, – изјавил Компани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни