Поврзете се со нас

Англија

Компани го посочи најдобриот стопер во историјата на Премиер лигата: Звучи чудно, но направи нешто што не беше видено!

Објавено

на

Венсан Компани на крајот на минатата сезона одлучи да не го продолжува својот договор со Манчестер Сити и стави крај на незаборавната етапа на „Итихад“, период во кој се истакна како еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Компани мина цели 11 години во Манчестер и се претвори во жива легенда на клубот кој најголемите успеси ги оствари со него во тимот, но иако во споменатата деценија можеше да игра против неверојатни колеги кои играат на истата позиција, тој на прво место го стави играчот кој посебно напредна последниве три сезони.

Белгиецот смета дека Вирџил Ван Дајк е најдобар стопер во историјата на Премиер лигата, без оглед на тоа што не е толку долго на сцената како Џон Тери, Рио Фердинанд, Немања Видиќ и останатите.

– Ги разгледувам сите имиња, но се навраќам на Ван Дајк. Тој е најдобар стопер во историјата на Премиер лигата. Делува чудно поради тоа што не е долго на сцената како Џон Тери и Рио Фердинанд. Тоа се момци кои долго беа на врвот, – вели Компани и додава.

– Но, знаците кои ги покажа Вирџил во изминативе неколку години го носат на врвот. Начинот на кој имаше влијание врз еден тим, претходно не беше видено од еден дефанзивец. Тој направи цел тим да изгледа посолидно. Ливерпул пред Ван Дајк и после Ван Дајк е сосема друга приказна и затоа го сметам за најдобар, – потенцира Компани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни