Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Компани даде информација за состојбата на Кејн: Ќе донесеме правилна одлука

Објавено

на

foto: x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен и гостува на Астон Вила во Лигата на шампионите, меч закажан за вечерва од 21 часот на „Вила Парк“.

Баварците според историјата, искуството и квалитетот важат за фаворити, но ќе биде проблем за нив ако го немаат на располагање главниот голгетер Хари Кејн.

Напаѓачот не го доигра дербито со Баер Леверкузен поради повреда на зглобот, меѓутоа за среќа не е нешто посериозно и тој е заедно со групата, работи и според тренерот Венсам Компани може и да биде активен во Бирмингем.

-Мислам дека видовте дека Хари беше на теренот, тоа помина добро, но сепак ќе треба да почекаме и да видиме како е ситуацијата и потоа ќе донесеме правилна одлука. Тој тренираше со нас и се надевам дека сè ќе биде добро, -рече Компани.

Астон Вила и Баерн забележаа сигурни триумфи на стартот на кампањата во ЛШ, првите го решија Јанг Бојс со 3-0, вторите Динамо Загреб со 9:2.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни