Италија
Комо не доби пенал, Фабрегас застана во одбрана на клубот: Ова ни се случува постојано (Видео)

Комо вчера загуби од Јувентус на натпревар на кој потврди дека игра одличен фудбал под водство на Сеск Фабрегас и на дуел на кој најпрвин не доби пенал по ВАР проверката, за потоа да загуби со пенал досуден неколку минути пред истекот на предвидените деведесет минути.
Најспорен момент за домаќините беше потегот на Федерико Гати, кој ја зафати топката со рака во еден дуел со домашен фудбалер, а ВАР собата направи проверка и реши да не го повика главниот судија на прегледување на снимката.
Фабрегас не криел дека е бесен поради одлуката, но пред се поради фактот што неговиот тим е постојано оштетуван оваа сезона.
– Нема друга интерпретација на оваа ситуација, тоа е чист пенал. Дувикас ја контролира топката со градите и без контактот со раката тој ќе беше во шанса да постигне гол.
– Сега треба да одиме дома без бодови и да се чувствуваме глупави. Но, денеска нема да молчам, на дуелот со Лацио противникот не доби црвен картон иако Нико Паз заработи повреда од дуелот, бевме оштетени против Милан, против Удинезе и против Рома.
– Затоа денеска велам доста е, мора да го штитам Комо. Разбирам дека судијата може да не го види потегот, но кога ВАР ја анализира ситуацијата и не гледа ништо спорно, тоа предизвикува многу непријатни прашања во мојата глава, – рекол Фабрегас.
Gatti fissa con gli occhi la palla e con la mano la sposta volontariamente
È un rigore ridicolo per quanto netto non scherziamo ahahahapic.twitter.com/GPwILWi4vM
— Tomoriano (@tomorienjoyer_) February 7, 2025
-
Формула 110 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија19 часа
Торино и Елмас се израдуваа на уште една победа во Серија А (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Реал се закани: Последен пат играме фудбал во вакви услови!
-
Италија18 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Анчелоти бесен: Нема да играме ако ова се повтори!
-
Лига на шампиони22 часа
ЕХФ ги пофали „Чкембари“ и праша: Дали ова се најдобрите навивачи во ЛШ?
-
Шпанија21 час
Мбапе блесна, Реал славеше во Вилјареал по пауза од осум години (ВИДЕО)
-
Шпанија9 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)